Жените денес - со посекси сонови Печати Е-меил
[17-07-2008 | 12:12 часот]
 Ако може да и се верува на новата сеопфатна анкета за сексуалните сништа, спроведена на двата пола, жените пред 40 години имале значително помалку...

... сонови од "секси карактер".

Според оваа анкета, дури 8% од женските сништа имаат некој облик на сексуална активност.

Одговорот на се почестото сонување на секси доживувања, можеби лежи во тоа што жените денес се послободни, и полесно им е да признаат дека имале влажни соништа.

Предводникот на истражувањето Antonio Zadra, од универзитетот во Монтреал обработил 3500 извештаи за машките и женските соништа.

Девојките најчесто сонуваат сексуален однос. Потоа следат алузиите за секс, бакнување, разни фантазии и мастурбација.

Истражувањето покажа дека мажите и жените доживуваат оргазам во 4% од ваквите случаи.

Жените во 20% од ваквите сништа го сонуваат партнерот, сегашниот или бившиот,а дури 40% од случаите кога жените сонуваат секси сништа, во нив се појавуваат јавни личности.

Податокот дека секси сништата за дури два пати се поприсутни кај мажите, веројатно никого нема да го зачуди...