Jessicа Albа го покажа бебето (фото) Печати Е-меил
[17-07-2008 | 15:25 часот]
 Популарната Jessicа Albа го даде своето прво интервју и ексклузивните фотки од нејзиното бебе за магазинот OK!, за сума од 1,5 милиони долари. Глумицата и...

 

... нејзиниот сопруг на 7 јуни добија ќерка на која и дадоа име Honor Marie Warren и како што пишува магазинот ОК!, пораѓањето воопшто не било хаотично.

Гордите родители изјавиле дека  бебето се уште е толку мало што имаат чувство дека и понатака припаѓа на некој друг свет.

Ѕвездата од филмот "The Love Guru" вели дека се породила преку природен пат: "Порудувањето беше како медитација. Бев фокусирана, дишев како при јога..."

Како и сите трудници, и Jessica добила вишок на килограми во текот на бременоста, а за магазинот го открила и планот за слабеење.

"Почнав да вежбам од минатиот четврток, но само по 20 минути. Тргнувам полека, почнувам поздраво да се хранам, така што прженото пилешко и компирчиња се исклучени."

На прашањето на кого бебето повеќе личи, сопругот Cash одговара : "Таа е женска верзија на мене. Го има мојот нос, мојте образи... "

"Има иста уста каква што јас имав кога бев мала и како мојте уши," се надоврзува Jessica.

Магазинот ОК! овој  пат го доби милионскиот ексклузивитет за фотките на Алба, и покрај интересот и понудите од People.

Во скоро време се очекуваат и рекордерските фотки од близнаците на Angelina Jolie...