|
За кинезите - оргазмот е поим |
|
|
|
[17-07-2008 | 23:52 часот] |
Durex спроведе истражување на светско ниво за сексуалниот живот на жителите на земјата. Утврдиле дека просечен Кинез има најмали можности...
... (во споредба со народите во остатокот на светот) да доживее оргазам. Истражувањето утврдило дека само 24% од Кинезите доживуваат оргазам за време на сексот! Истото важи и за жителите на метрополата Хонг Конг. За разлика од нив, Шпанците, Мексиканците и Јужноафриканците за време на сексот најчесто доживуваат оргазам (просечно во 66% од случаевите). Истражувањето на половото однесување на светските народи вклучил дури 26.000 мажи и жени од 26 земји. Респодентите биле прашувани за нивното здравје, за верската припадност, социјалниот стандард, уверувањата, односот кон сексот и општата социјална состојба. |