Порното не е само за мажите Печати Е-меил
[22-07-2008 | 16:23 часот]
 Според сеуште постоечките стереотипи порнографските филмови се резервирани само за мажите. Урбаниот мит дека жените не се...

... заинтересирани за порно, произлегува од мислењето дека сексот не им е толку битен колку на мажите.

Но како што жените уживаат во сексот, исто толку уживаат и во гледањето на порно филмчиња.

Социологот John Carroll, од универзитетот Brigham Young, спроведе интерно истражување помеѓу студентите, за тоа колку гледаат порнографија.

Од 813 студенти, најголемиот број од нив одговориле дека порнографијата е сосема прифатлива.

Дури 83% од мажите одговориле дека во блиско минато изгледале барем еден порно филм, додека кај жените овој процент изнесувал само 31%.

Социологот тврди дека ваквиот резултат потекнува од фактот дека многу девојки се срамат да признаат дека гледаат порно филмови, иако го прават тоа заедно со партнерот или индивидуално.