Неодамна сте ја прекинале врската, очајни сте, безволни и времето го поминувате пред телевизор со кесичка чипс и сладолед? Верувале или не, постои...
... храна со чија помош ќе го оживеете телото и полесно ќе го преболите раскинувањето. Постојат неколку мали трикови кои ќе ви помогнат да го излечите скршеното срце. Чоколадо Докажано е дека темното чоколадо го снижува крвниот притисок и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Чоколадото во телото создава пријатни чувства, слично како кога сме вљубени. Експертите дејството го споредуваат со она на амфетаминот кој буди и дава позитивна енергија. Мисирка Мисирката е позната по тоа што предизвикува опуштање на телото, а нејзината состојка триптофан го ослободува хормонот на среќата - серотонин во вашето тело. Витамин Б Најновите истражувања покажуваат дека витаминот Б игра важна улога во нашето расположение. На вас останува да одлучите како ќе го конзумирате, преку таблети или ќе јадете храна богата со овој витамин, како што се бананите, житариците, млекото или сокот од портокал. Избегнувајте ги трите пороци кои ги уништуваат залихите на витаминот Б во вашето тело - никотинот, алкохолот и шеќерот. Црвен чај Rooibos чајот, познат уште како Redbush, Rotbusch, или црвен чај содржи многу лековите состојки. Овој чај го конзумираат луѓе кои патат од несоница, пореметувања со спиењето, стрес и напнатост, алергија, болки во стомакот, а исто така овој чај помага и при регулација на притисокот и депресијата. |