Мадона во нов секс скандал? Печати Е-меил
[22-07-2008 | 23:44 часот]
 Неименуван човек наводно се обидува да продаде секс снимка на Madonna (49) и Alex Rodriguez (32) - пишува британскиот Daily Star. "Камерманот" тврди дека тајно...

... поставил камера во станот на својот пријател во New York, односно камерата била вклучена додека во станот пеачката и безбол играчот поминувале интимни моменти.

Камерата била поставена откако дознал дека познатиот пар тајно се состанува во станот веќе одредено време.

Ако снимката навистина постои, тешко дека ќе биде објавена некогаш. Сепак снимателот ја кажа својата цена - оној кој сака да ја добие снимката, ќе треба да му плати 1 милион фунти.

Доколку приказната на "камерманот" е вистина, постои голема шанса дека ќе биде обвинет за провала и воајеризам, а снимката веројатно би му ја одзел судот, доколку претходно не се најде "купувач".