Каде е безбедниот секс најскап? Печати Е-меил
[23-07-2008 | 00:41 часот]
 Бидејќи (од познати причини) не можете да ги рециклирате кондомите, осудени сте на нивна еднократна употреба. По тој повод интернет порталот...

... Environmental Graffiti се обиде да најде одговор на прашањето - во кои земји безбедниот секс е најскап?

Порталот преку графички приказ ја илустрираше просечната цена на кондомите во одделни земји.

На графиконот јасно се гледа дека кондомите имаат највискоа цена во Ирска, односно 17$ за пакетче.

Одма зад Ирска се наоѓаат Холандија, Англија и Португалија.

Најефтините кондоми (од опфатените земји) можете да ги купите во Шангај по цена од 4$ за пакетче, а потоа следуваат Германија и Белгија.

Голема разлика во цената на кондомите има во различни градови во САД. Така во Хјустон кондомите чинат 9$, а во Њу Јорк - 15$.