Кога Роман Абрамович части... Печати Е-меил
[23-07-2008 | 15:13 часот]
 Рускиот милјардер и неговата девојка вечерале во малиот италијански ресторан и толку им се допаднал, што дури и го купиле! Роман Абрамович (41) и...

... Дариа Жукова (28), на одморот во Италија свратиле на вечера во шик ресторанот Julian Cafe, пишува Daily Telegraph.

Преубавата Дариа во еден момент на Роман му кажала дека е воодушевена од пастата, а веќе другиот ден тој и соопштил дека ресторанот е веќе нејзин.

Повеќе од 3,5 милиони евра го чинеше Абрамович ова задоволство, за купување на шик ресторанчето во најубавиот дел на Рим.

Во меѓувреме менаџерот на Julian Cafe не сакал да ја коментира веста, и ниту ја потврдил ниту ја демантирал.