Чаша вода после секс Печати Е-меил
[24-07-2008 | 16:03 часот]
 За време на летните горештини, врелите морски авантури и флертувања, било да се наоѓате на некои од егзотичните дестинации или сте останале...

... во градот, оваа информација добро ќе ви дојде.

Имено, парот кој после љубовните игри не се разладува со обична вода, ризикува да пати од умор, главоболка, а во најлош случај ќе го изгуби интересот за секс.

Експертите истакнуваат дека најголемиот број на луѓе не сфаќаат дека во текот на интимните односи губиме исто толку течности како при напорното вежбање, што нормално, доведува до дехидрација.

Статистиките покажуваат дека 9 од 10 луѓе после напорниот тренинг или трчање сигурно ќе се напијат чаша вода, a само 4 лица ќе посегнат по вода после врелиот секс.

Затоа... следниот пат не заборавајте. После сексот - чаша вода!