Со вијагра - до жена желна за секс Печати Е-меил
[27-07-2008 | 16:54 часот]
 Лекот на компанијата "Pfizer", или популарната вијагра која се користи против импотенција, би можел да биде ефикасен кај депресивните жени со недостаток...

... на желба за секс, покажаа резултатите на едно американско итражување.

На класичните антидепресиви нусефект им е смалувањето на либидото, што често ги наведува пациентите (поготово пациентките) на прекинување на терапијата.

Истражувањето било со цел да се процени дејството на вијаграта, и било спроведено на сто жени излечени од депресија, кои сеуште имале проблеми со возбудувањето и желбата за секс.

Половина од жените добиле плацебо, а останатите по пола таблетка вијагра пред секс.

73% од жените под плацебо не констатирале никакви подобрувања, додека тој процент изнесувал само 28% кај оние кои добиле вијагра.

Во текот на истражувањето, никакви значајни нус ефекти не биле забележани кај жените кои добиле вијагра, пренесуваат француските медиуми.