|
Настрада механичар на BMW (фото) |
|
|
|
[29-07-2008 | 23:53 часот] |
Присутните беа во шок откако механичар на BMW F1 неочекувано се струполи на земја за време на тестирањето во Jerez (Шпанија). Возачот Christian Klien го тестирал...
... новиот BMW хибриден мотор, кој развива дополнителни 80КС од електричен мотор. Откако Klien застанал во пит стоп и механичарот дошол во контакт со болидот, тој ненадејно во страшни болки паднал на земја. Сведоците на "хорор сцената" немале идеја за што станува збор, се додека шефот на тимот - Mario Theissen не изјави дека механичарот добил струен удар, и има слаби изгоретини по раката. Сите F1 тимови сеуште имаат големи проблеми со применување на новата технологија. 


 |