|
Фудбалот лечи од депресија |
|
|
|
[31-07-2008 | 01:12 часот] |
Мажите кои рекреативно играат фудбал имаат повисико ниво на самодоверба и по-позитивен став кон животот, тврдат британските научници...
Резултатите до кои тие дошле преку нивните истражувања сугерираат дека играњето на фудбал може да ја подобри состојбата на мажите кои патат од депресија. Во спроведеното истражување е следено менталното здравје на повеќе од 100 мажи. На дури 90% од испитаниците менталното здравје значително им се подобрило откако почнале редовно да играат фудбал, а 70% поради фудбалот почнале поотимистички да гледаат на иднината. Истражувачите веруваат дека терапевтското дејство на фудбалот, покрај физичките придобивки, се темели и на создавањето на пријателски врски помеѓу играчите. Веќе од поодамна е утврдено дека физичката активност им помага на лицата кои патат од депресија. 
Извор: Вечер |