|
Украина - Не сме сите курви! |
|
|
|
[01-08-2008 | 00:07 часот] |
Украински студентки - активистки на разни здруженија за човекови права, вчера протестираа на улиците на Киев облечени како проститутки, "закитени" со...
... натписи - "не сме на продажба", "Украинките не се курви"... Протестот е организиран против се посилниот имиџ на Украина како земја идеална за секс туризам. "Повеќето странци доаѓаат во нашата земја само поради секс, па дури се организираат и тури по борделите. Не сакаме светот да ја гледа нашата земја како голема јавна куќа", изјави пред новинарите Anna Hustol - една од девојките на протестот. Во Украина се регистрирани дури 12 илјади проститутки, од кои 4 илјади се во главниот град. 

|