Медиумската куќа Mediaset која е во сопственост на италијанскиот премиер Silvio Berlusconi, е последната компанија која му објави војна на YouTube. Тие бараат...
... обештетување од најмалку 600 милиони евра за илегална дистрибуција на аудио и видео фајлови. Од Mediaset пронашле 4,643 видео клипови и 325 часа материјал од нивна продукција, кои во моментов се (илегално) достапни за секого на YouTube. Според компанијата, тие претрпеле огромни штети со тоа што нивните гледачи наместо на телевизија, ги гледаат нивните клипови на интернет, и се надеваат дека обештетувањето ќе ги компензира нивните пресметани загуби. Во понеделникот италијанската полиција ја затвори најголемата "шеринг мрежа" за филмови и музика во земјата - Colombo-BT.org YouTube, кој беше купен од Google во 2006, веќе е во судски процес вреден 700 милиони евра по тужбата со иста основа поднесена од Viacom, кој ги поседува MTV и Paramount Pictures. Тужба против YouTube, имаат поднесено и други медиумски куќи, вклучувајќи ја и Премиер Лигата.  |