Најновиот модел на Lotus, кој беше преставен на авто саемот во Лондон, ќе се продава во Европа од идната година за цена од околу 70 илјади евра. Новиот...
... спортски модел Evora е опремен со V6 мотор од Toyota со зафатнина од 3,5 литри и моќност од 280КС.
Благодарејќи на лесната каросерија забрзувањето од 0-100 би требало да е пократко од "невозможните" 5 секунди, а крајната брзина 250км/ч.
Во кабината преовладува алуминиум, седиштата се кожни, а покрај моделот со 4 места - ќе биде достапна и верзија опремена само со предни седишта и поголем багажник.
Годишно ќе се произведуваат околу 2000 примероци, и тоа во Британската фабрика Hethel.