Со вистинска храна до див секс Печати Е-меил
[09-08-2008 | 16:31 часот]
 Проверете со која храна треба да го наполните фрижидерот за ноќите да ви бидат пожешки и повозбудливи. Храната е познат афродизијак кој ја...

... зголемува вашата потреба за секс а истовремено го збогатува сексуалниот живот.

Целерот е познат како одличен стимулатор поради присуството на андростерони - стероид, што се лачи од кората на надбубрежната жлезди и предизвикува возбуда кај жените.

Сировите остриги се препорачуваат и помагаат за здрав сексуален живот. Го содржат хормонот допамин, кој ја зголемува количината на тестостерон, а со тоа ја поттикнува желбата за секс..

Машката возбуда исто така се поттикнува и од бананата која содржи многу ензими. Богати се со витамин Б, а со тоа ја зголемуваат и телесната енергија.

Бадемите ќе помогнат во производството на машки хормони, а нивниот мирис наводно предизвикува додатна страст кај жените.

Авокадото го зголемува либидото и кај двата пола, и тој како и витаминот Б сосебе носи додатна енергија.

Несмее да ги заборавиме и јагодите, кои содржат големо количество на цинк, а од неговото присуство зависи колку брзо сме спремни за секс.

Исто така како доста важен дел од исхраната се и јајцата, кои ги содржат витамините Б5 и Б6 кои помагааат во регулација на хормоните и го спречуваат стресот.

Тие се познати како како симбол на плодноста и повторно раѓање.

Рибите се богати со аминокиселини и допринесуваат во зголемување на либидото и сексуалната издржливост.

Желбата за секс се зголемува и од чоколадото, додека пак конзумирањето на лук ја подобрува циркулацијата на крвта во половите органи.

Наш предлог е да се опремите со вистиското оружје (одсносно вистинската храна), и да подготвите забавна или романтична вечера за вашиот партнер со која ќе проверите - дали и колку ќе се зголемат страстите во вашиот кревет.