|
Morgan Freeman се разведува? |
|
|
|
[09-08-2008 | 16:42 часот] |
Само неколку денa по тешката сообраќајна несреќа, во која едвај спаси жива глава, потврдено е дека 71 годишниот актер по 24 години брак се разведува од...
... својата сопруга. Иако Морган Фриман пред еден месец ги демантираше пишувањата дека неговата сопруга Мирна Коли - Ли поднела барање за развод на бракот поради неговото неверство, адвокатот на актерот во средата навечер потврди дека процесот за развод на бракот е започнат. Еден од најуспешните холивудски актери, во Мисисипи во неделата навечер преживеа тешка сообраќајна несреќа. Морган го возел автомобилот во сопственост на 48 годишната сопатничка Демарис Мејер, која ја опишува како стара пријателка. Но, по веста за разводот, започнаа шпекулациите дека сепак станува збор за неговата љубовница. Околностите за несреќата се уште се утврдуваат. За сега се знае дека актерот не бил под влијание на алкохол, и против него не се поднесени кривични пријави. 
 |