Наскоро - Смртоносно оружје 5 Печати Е-меил
[10-08-2008 | 17:57 часот]
 Холивудскиот акционен херој Мел Гибсон, наскоро почнува со снимање на уште една авантура на најпознатиот детективски пар - во петтото издание...

... на "Смртоносно оружје".

Десет години после добро познатата полициска сага, повторно се преговара со студијата за следното продолжение, изјави Гибсон.

Режисерот Ричард Донер, кој работеше на претходните филмови со проблематичниот полицаец и неговиот постар партнер, изјави дека е спремен за снимање.

"Чекам зелено светло од студиото и Мел Гибсон. Сценариото е готово и овој филм сигурно ќе биде подобар од претходните 4 дела.", изјави режисерот.

По последното продолжение од 98-ма година, Гибсон воглавно седеше зад камерите, во режија на филмовите Пасија и Апокалиптико.