Почина актерот Bernie Mac Печати Е-меил
[10-08-2008 | 18:22 часот]
 По борбата со пневмонија, 50 годишниот комичар и актер Bernie Mac почина во саботата во Чикаго. Bernie имаше големи успеси во својата актерска...

... кариера, особено со појавувањето во Ocean's 11, и улогата со Ashton Kutcher во романтичната комедија Guess Who.

Тој водеше и свое шоу - The Bernie Mac Show, кое се прикажуваше цели 5 сезони на телевизијата FOX - до 2006.

Иако беше актер од Холивудската класа, тој го одбра скромниот живот во неговиот роден град Чикаго.

Почина по компликациите од пневмонијата од која подолго боледуваше.