Само ден по смртта на актерот Bernie Mac, светот ја изгуби големата фанк и блуз легенда Isaac Hayes. Тој починал во неделата на 65 годишна возраст. Иако...
... истрагата не е завршена, се претпоставува дека умрел од природна смрт.
Тој бил пронајден од еден од внуците, како лежи покрај справата за вежбање.
Isaac од пред неколку години имаше проблеми со здравјето односно висок притисок, а пред две години доживеал и срцев удар.
Блуз легендата има освоено безброј награди и признанија за неговите дела, вклучувајќи неколку Греми награди и Оскар за музиката за Shaft.
Го има позајмено гласот за серијата South Park, а има играно и повеќе улоги воглавно во филмови поврзани со музиката.