Органската храна не е толку здрава Печати Е-меил
[13-08-2008 | 00:53 часот]
 Научниците открија дека органската храна сепак не е побогата со витамини, за разлика од храната која се одгледува со користење на пестициди и хемикалии...


Докторката Susanne Bugel и нејзините колеги, го проучувале овошјето и зеленчукот, кои најголем број на семејства најмногу го купуваат.

Ги испитале морковите, грашакот, јаболките, компирот и патлиџанот, и заклучиле дека не постои разлика помеѓу количината на витамини и минерали кои ги содржат органски и хемиски одгледуваните овошје и зеленчук.

За купувањето на органски одгледаните производи, луѓето мора да издвојат повеќе пари, но научниците сега тврдат дека тоа во иднина ќе претставува само lifestyle избор.