|
Наскоро - Кондиција во таблетки? |
|
|
|
[13-08-2008 | 00:58 часот] |
Американските научници се обидуваат да развијат пилула која ќе ја подобри физичката состојба и на оние луѓе кои не вежбаат. Истражувањето објавено...
... во магазинот Cell открива дека таблетите ја подобруваат способноста за трчање на долги стази, а откриени се и многу други позитивни факти кои се поврзуваат со вежбањето. Истражувачите на ексеприментални глувци им давале таблети кои ја содржат синтетичката состојка позната под името AICAR, и откриле декa после 4 недели животните кои пред тоа не биле третирани, во просек можеле да претрчаат 44% помалку, за разлика од оние кои го примиле тој лек. Професорот Ronald Evans од институтот во Калифорнија истакнал дека AICAR не дава толку позитивни резултати како вистинското вежбање, но и понатаму дава позитивни ефекти. “Споменатата состојка им дава ефект на мускулите како секој ден да се физички активни. Оваа состојка докажува дека може да имате фармаколошки еквивалент на вежбањето“ - изјави докторот во интервјуто.  |