Хрватите - најголеми пијаници Печати Е-меил
[13-08-2008 | 01:04 часот]
 Гледано според количината на алкохол која се консумира  на годишно ниво, Европа е континентот на кој најмногу се пие, а на листата на европски земји со најмногу..

... пијаници, првото место го зазеде Хрватска.

Истражувањето кое го спроведе магазинот Forbes, ја опфати потрошувачката на алкохол по глава на жител, а потоа и законите кои ја ограничуваат употребата на алкохолот.

Потоа... болестите кои се поврзуваат со конзумацијата на алкохолот, начинот на кој се конзумира, и забраната за точење алкохол на малолетни лица или забраната за пиење на јавни места.

Листата на земјите кои конзумираат најмногу алкохол, според Forbes изгледа вака:

1.    Хрватска
2.    Словенија
3.    Естонија
4.    Германија
5.    Унгарија
6.    Чешка
7.    Австрија
8.    Словачка
9.    Русија
10.    Литванија
11.    Романија
12.    Белгија
13.    Португалија
14.    Данска
15.    Велика Британија

Со ова истражување се опфатени 33 европски земји, а утврдено е дека на овој континент се произведува една четвртина од вкупната количина на алкохолни пијалаци во светот.