Грузија ја снема од Google maps? Сподели
[13-08-2008 | 15:59 часот]
 Податоците за земјите од јужниот дел на Кавказ, ненадејно ги снема од "Google maps", набрзо откако започна конфликтот во Грузија. Картите на...

... Азербејџан, Грузија и Ерменија се прикажуваат само во “празна верзија“, односно без детали за градовите, населбите или сообраќајниците.

Можеби Google со овој потег сака да ја спречи употребата на своите карти за воени цели, иако е малку веројатно дека русите ги користат мапите на Google за организирање на нападите :).

Освен тоа руските веб страници станаа недостапни на подрачјето на Грузија.

Минатата седмица руски хакери ги нападнаа и онеспособија службените страници на грузиските власти.

Сепак... по објавувањето на веста низ медиумите, Dave Barth од Google излезе со соопштение дека тие никогаш и немале детални мапи за Грузија, од едноставна причина што небиле комплетирани.

"Кога ќе бидеме задоволни од податоците кои ги собираме, мапите ќе бидат достапни за јавноста. Сега сеуште материјалот не е комплетиран, и се додека не собереме материјали за цела тероторија, детали за тие земји ќе нема." - додава Barth.