Им требате на Chemical Brothers Печати Е-меил
[13-08-2008 | 23:59 часот]
 Популарните Chemical Brothers бараат помош од своите обожаватели за изработка на новиот видео спот, кој ќе биде направен со помош на Google Earth...

... и креативците ширум светот.
 
Chemical Brothers бараат креативци од сите страни на светот за да им помогнат при изработка на спот за нивниот најнов сингл Midnight Madness, со кој сакаат да го визуелизираат полноќното лудило.

Со распишувањето на овој конкурс, Chemical Brothers имаат намера да поврзат бројни фотографи и филмомани.

Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат во натпреварувањето, треба да ги испратат своите дела, односно фотографии и кратки видео клипови (2 до 20 секунди) на тема - полноќно лудило.

Синглот Midnight Madness ќе биде достапен за download од 18-ти септември.

Најдобрите клипови и фотографии ќе се најдат во спотот кој ќе биде објавен и на YouTube, истата недела кога  и нивниот the best of албум “Brotherhood“.