|
Трчањето го продолжува животот |
|
|
|
[14-08-2008 | 00:10 часот] |
Редовното трчање прави чуда кога е во прашање процесот на стареење, покажува истражувањето на американските научници, пренесува BBC. Возрасните...
... џогери имаат два пати помали шанси да се разболат од болести како што е ракот, во споредба со луѓето кои не трчаат. Истражувањето на медицинскиот центар на Универзитетот Stanford, покажа дека луѓето кои редовно трчаат имаат подобар квалитет на животот, што пак значи дека имаат помалку проблеми со болестите. Долгата студија опфати повеќе од 500 возрасни џогери, и ја следеше нивната здравствена состојба повеќе од 20 години. Резултатите биле споредени со група на луѓе кои не се рекреираат односно не трчаат. Во периодот на опсервацијата, починале 34% од оние кои не трчале, а само 15% од џогерите. Двете групи имале одредени последици по здравјето како резултат на стреењето, но кај луѓето кои биле телесно активни, проблемите (во просек) започнале дури 16 години подоцна.  |