Конечно, збогум за Yugo-то Печати Е-меил
[14-08-2008 | 23:30 часот]
 Следната година српската Застава ќе престане со производство на (за нас децениското секојдневие, а за останатиот свет - најгрдо возило) Yugo!

 

По скоро 29 години сериско производство, поради влезот на Fiat во стратешко партнерство со Zastava - единствениот изворен производ (Југото) од оваа фабрика ќе престане да се произведува.

Од 1980 година до денес се произведени околу 800.000 автомобили, од кои над 90% се тркалаат на просторите на екс Југославија.

Во Застава, до прекинот на производството сеуште ќе се произведуваат околу 450 “југца” месечно.

Фирмата од еден примерок создава губиток од околу 500 евра, што се покрива со субвенции од државата.