Соработката на две големи имиња од модата и музиката, ќе донесе добар спој кој ќе го запечати визуелниот впечаток на концертните настапи..
Француската модна куќа Givenchy договори соработка со поп иконата Madonnа.
Нивниот дизајнер Ricardo Tisci креираше дел од сценската гардероба за Madonnа за следната турнеја Sticky and Sweet. Портпаролката на модната куќа, Caroline Deroche-Pasquier открива дека два костими од Високата мода се веќе готови, односно дека Madonna ќе ги облече на почетокот на турнејата. Tisci, познат по готичкото влијание и користење на црната боја во своите креации, воодушевен е што ќе работи со Madonna која неизмерно ја цени. Една од креаците е така наречената Gangster Pimp поради црниот сатенски капут, обработен со перли, и црниот сатенски елек кој личи на корсет. Другата е инспирирана од циганите, па во креацијата е вклучена долга наметка и разнобојни врвки и розеви метални ланчиња. Се уште не е познато дали Givenchy ќе ја облекува Madonna за секој настап во текот на турнејата чиј почеток е закажан за 23 август.  |