Среќните - живеат подолго Печати Е-меил
[17-08-2008 | 23:54 часот]
 Новите истражувања покажаа дека всушност среќата може да додаде неколку години во вашиот живот.  "Среќата не лечи, но штити од болести", објаснува...

... истражувачката Ruut Veenhoven од Универзитетот Roterdam Erasmus.

Откако се спроведени над 30 вакви истражувања ширум светот, холандската професорка го истакнува влијанието кое го има среќата на долговечноста.

Посебното чувство на среќа го продолжува животот од 7.5 до 10 години, а среќните луѓе повеќе внимаваат на својата тежина, порано ги приметуваат симптомите на болестите, умерени се во пушењето и алкохолот, и генерално гледано - живеат поздрав начин на живот.

Исто така, овие луѓе се поактивни, поотворени, посамоуверени, донесуваат подобри одлуки и имаат поширок круг на пријатели и познаници.

Според научниците, чувството на среќа не зависи од материјалните добра и финансиските можности, туку и од чувството на задоволство и исполнетост.

Пример за тоа се луѓето кои живеат во поразвиените земји и поседуваат позначајни материјални средства, а воопшто не се посреќни и позадоволни со своите животи, во споредба со останатиот свет.

Среќата најмногу ја поттикнуваат пријателството, љубовта, човечкото окружување и духовната исполнетост, а дури потоа доаѓаат социјалните фактори.