Рекорден развод на Фил Колинс Печати Е-меил
[18-08-2008 | 15:00 часот]
 Екс фронтменот на Genesis - Британскиот музичар Фил Колинс, на бившата сопруга и исплати 31,7 милиони евра што претставува најскап развод во историјата на...

...  британскиот шоу бизнис.

Колинс (57) со овој износ го надмина дури и прочуениот развод на Битлсот Пол Макартни и неговата сопруга Хедер Милс, тежок 30,8 милиони евра.

Колинс беше 7 години во брак со Швајцарката Оријана Севеј, со која има и две деца - синовите Николас и Метју.

Музичарот соопштил дека ќе продолжи да живее во Швајцарија за да биде близу до децата.

Британските таблоиди како причина за разводот ја наведуваа врската на Колинс со новинарката Дејна Тајлер.

Колинс, добитник на Оскар и Греми, пред Оријана бил во брак со Андреа Берторели и Џил Тејвелман.