Наскоро - 3D екрани за мобилни Печати Е-меил
[18-08-2008 | 23:13 часот]
 Јапонската корпорација Seiko - Epson објави дека успеала да произведе екран кој прикажува 3 димензионална слика, наменет за мобилните телефони...


3D екранот, кој во сериско производство ќе биде пуштен за 2 години,  ќе може да ги прикажува фотографиите или игрите од мобилниот телефон во 3 димензии, така што ќе создаде 3D илузии без користење на специјални наочари.

2.5 инчниот екран кој има импресивна резолуција од 1024x768 пиксели, ќе користи низа комплексни леќи со чија помош човечкото око ќе гледа поинаква слика.

Сепак, за да можеме фотографиите да ги гледаме во 3D, тие ќе мора да бидат направени со посебна технологија.

Освен тоа, објектот ќе мора да биде сликан од различни агли, а потоа фотографиите да бидат соодветно процесирани.

Само таквите слики екранот ќе може да ги прикажува тродимензионално. Фотографиите сликани со обичната камера од мобилниот телефон, ќе се прикажуваат дводимензионално.