Причина за завист во Холивуд повеќе не се Брад Пит или Џорџ Клуни. Во последно време жените во Холивуд "се тепаат" да бидат на листата на чекање за..
... неодоливата BIRKIN ташна. BIRKIN е ташна на Hermes, рачно изработена од крокодилска кожа и дијаманти. Наречена е BIRKIN, по познатата актерка и пејачка Jane Birkin. Цените на овие луксузни ташни се движат од 7.500 до 65000 долари, но не се достапни за секого. Ташната се нарачува од фабриките или продавниците на Hermes, а за да се добие се чека најмалку 2 години, па дури и до 6 години за Special Edition изданијата. Ташните BIRKIN се спомнувани во многу филмови, серии и книги. Во книгата "Секој што е некој", од Лорин Вајсбергер се вели дека ташната Биркин спречила самоубивство на една девојка. Кога и се јавиле дека има уште "само" 18 месеци до земањето на ташната, таа сфатила дека не смее да се убие и дека има причина да живее - а причината е токму во неодоливата ташна. Направени се многу копии на оваа ташна, а некои од нив се продаваат и на Ebay. Дел од оние кои си ја дочекале и гордо ја "шетаат" својата Биркин ташна се: Линдзи Лохан, Сандра Булок, Карла Бруни, Џејд Џегер, Кејт Мос, Никол Ричи и Ел Мекферсон... А како најтврдокорен фан на BIRKIN, посебно ја издвојуваме Викториа Бекам... 
 |