|
Долна облека од Dita Von Teese |
|
|
|
[18-08-2008 | 23:56 часот] |
Најпознатата Американска танчерка Dita Von Teese, во соработка со брендот Wonderbra, дизајнираше лимитирана серија на нејзина долна облека. Во колекцијата..
... ќе може да се најдат гакички, градници, подвезици и корсети кои ја истакнуваат женската фигура, а за кои Dita Von Teese најде инспирација во раната холивудска елеганција, односно 40-тите и 50-тите години од минатиот век.
"Долната облека не е само нешто што ќе го облечете на вас поради вашиот сакан, туку тоа треба да го правите за вас", изјави Dita за медиумите. "Се надевам дека со новата линија, ќе можам да ја споделам мојата пасија за сензуална и комотна долна облека - што ќе ви додаде малку гламур во секојдневието." - додаде танчерката. Колекцијата Wonderbra by Dita Von Teese во продавниците низ Европа ќе се најде од 23 септември. 

|