Јакна која буквално ќе ве загрее Печати Е-меил
[19-08-2008 | 23:33 часот]
 После бројните експерименти со облека која содржат батерии за да го згрее сопственикот, оваа есен во продажба ќе се најде првата јакна која во себе има...

... вградени греачи.

Во октомври на пазарот ќе се појави јакна од германската s.Oliver, која во ладните денови со помош на греачи на сопствениците ќе им нуди топлина од 28 до 38 степени.

Јакната ќе биде достапна во два модели, за жени и за мажи.

Освен висината на температурата, сопственикот ќе може да го одреди и времетраењето на загревањето, од 7 до 120 минути.

Батеријата на јакната при максимално користење ќе трае 2 до 3 часа, а купувачите заедно со јакната ќе добијат и полнач за батериите.

Женскиот модел на јакната ќе чини неполни 300 евра, а машкиот модел ќе биде нешто поевтин.