Атрактивната холивудска актерка Christina Applegate е конечно 100% чиста! Таа за најновиот број на магазинот People изјави дека конечно после многуте...
... третмани, таа е целосно ослободена од ракот на градата. "Чиста сум - изјави 36годишната актерка - докторите исчистија се и сега знам дека дефинитивно нема да умрам од рак на градата!" Во интервјуто, ѕвездата на филмот The Sweetest Thing изјави дека ракот и бил откриен пред една година. Таа од својата 30та година редовно одела на прегледи бидејќи и нејзината мајка боледувала од истата болест. Преубавата актерка веднаш почнала со третмани, здрава храна и витамини и во ниеден момент не и се препуштила на болеста. После повекемесечното лекување докторите и потврдија дека е целосно чиста и дека ништо од болеста не останало. Со оперативен зафат и се одстранети двете гради, а во следните месеци таа ќе изврши нивна реконструкција (читај силикони). Christina Applegate ке се појави во 4-часовната специјална емисија "Спротивстави му се на ракот" која од 5ти септември ќе се емитува на NBC, CBS и ABC. Коинциденција е што таа беше номинирана за еми и златен глобус за улогата во серијата "Samantha Who?", каде глуми жена која се буди од кома и не знае ништо за себе. Голем дел од изминатиот период таа го помина во болници и приватно... и професионално.  |