Реткиот "штрумфофски" синдром Печати Е-меил
[20-08-2008 | 00:59 часот]
 Paul Karason од Орегон (САД) бил сосема обичен човек, но како што стареел, бојата на кожата му станувала сина. Промените биле многу постепени, па затоа Пол не бил...

...  многу свесен за посинувањето на неговата кожа се додека пријателите не го запрашале зошто се фарба?!

Се почнало пред 14 години, кога Пол развил тешка форма на дерматитис, по што почнал сам да се лекува со третман врз база на сребро.

Лекувањето било позитивно па тој продолжил и понатаму со третманот.

На крајот резултатот бил повеќе од "штрумфофски", односно кај Пол се јавил редок медицински синдром познат како argyria, односно труеше со сребро.

Сега неговата брада и коса се бели, а кожата му е сина - без можност за лекување т.е враќање во нормалната состојба.