Повеќе мобилни - од Црногорци Печати Е-меил
[20-08-2008 | 15:29 часот]
 Кон крајот на јули во Црна Гора имало преку 1,3 милиони корисници на мобилни телефони, со што бројката на мобилни е за првпат двапати поголем од бројот...

... на населението.

Ова завчера го соопшти Агенцијата за телекомуникации и поштенска дејност на Црна Гора, додавајќи дека бројот на корисници на мобилни во јули, за разлика од истиот месец лани, е поголем за неверојатни 48,71%.

Корисниците на трите мобилни мрежи во Црна Гора во текот на јули испратиле повеќе од 105 милиони СМС пораки, дури 16% повеќе во однос на претходниот месец.