Прва "анти-папараци" зграда Печати Е-меил
[20-08-2008 | 23:39 часот]
 Облакодер од 24 спрата во Вествуд (Лос Анџелес) е првата зграда која е специјално дизајнирана да ја заштити приватноста на своите станари...

Облакодерот Carlyle Residences чие отрварање се планира за идната година, изгледа како полумесечина.

Луксузната зграда во Лос Анџелес ќе биде обезбедувана 24 часа во денот, од патрола на заштитници кои се обучувани во Израел.

Ќе има подземни паркинзи со приватни лифтови кои директно ќе носат до становите, и висока природна ограда која ќе ги сокрива базенот и тревникот за јога.

Зградата е направена во облик на полумесечина што ја смалува можноста соседите да гледаат во внатрешноста на станот.

Thomas Elliott, изведувач од компанијата Elad Properties West вели дека зградате е проектирана според желбите на ѕвездите и политичарите, на кои им е доста од агресивните фотографи за таблоидите.

"Им помагаме на славните и им нудиме сигурност" - изјавил тој.

Цените на становите кои ги има само четири по спрат, се движат од 3 до 6 милиони долари, додека специјалните (пентхаус) изданија ќе чинат и до 15 милиони долари.

И покрај радоста на ѕвездите, Giles Harrison, папарацо кој веќе 14 години работи во Лос Анџелес - вели дека проектот е непотребен.

"Ние не влегуваме во зградите. Секако чекаме пред зградата", изјави тој.