Нови "шик" лаптопи од Dell Печати Е-меил
[20-08-2008 | 23:53 часот]
 Dell ги претстави новите модели линијата Studio, со кои повторно си "поигра" уметникот Mike Ming. По работата на моделите Inspiron 1525, овој урбан...

... уметник одлучил повторно да соработува со компјутерскиот гигант.

Плод на оваа соработка се специјално дизајнираните Studio лаптопи, кои ќе се појават под ознаката Art Edition.

Новата серија ќе ги содржи моделите Studio 15 и Studio 17.

Изгледот можете да го видите на приложените фотографии.

Лаптопот (Core 2 Duo процесор од последната генерација и пратечка платформа) ќе чини од 800 долари па нагоре, зависно од конфигурацијата.