Вештачки трепавици и за мажи Печати Е-меил
[22-08-2008 | 00:02 часот]
 Производството на козметика за мажи, во блиска иднина би можело и да го достигне производството на козметика за жени, прогнозираат експертите...

 Козметичката компанија Eylure дизајнираше вештачки трепки за мажите кои особено внимаваат на својот изглед.

Овие трепки се наменети за они кои имаат кратки или светли трепавици, кои природно не доаѓаат до израз.

Трепките за мажи имаат дискретен и природен изглед и не се нападни, па не би требало и да бидат приметливи.

Од следниот месец ќе можат да се набават во британската стоковна куќа Harrods, или да се нарачаат преку Amazon.com

Цената на пар требавици ќе се движи околу 10 евра.