Бесплатна промена на полот Печати Е-меил
[22-08-2008 | 00:09 часот]
 Бразилската федерална влада објави дека ќе овозможи бесплатни операции за промена на полот. Одлуката овие операции да бидат бесплатни, ја...

... донесе федералниот суд пред една година, но државата не презеде никакви мерки за да ја поништи ваквата одлука, иако наиде на големи религиозни негодувања.

Кандидатот за операцијата за промена на полот, мора да има најмалку 21 година, дијагноза на транссексуална личност и без други пореметувања, а мора да помине и психијатриско следење во траење од најмалку 2 години.

Поради ваквие услови, ниедна од овие бесплатни операции нема да биде извршена пред 2010-та година.