25 и 26 Август - Бесплатни рок концерти Печати Е-меил
[24-08-2008 | 15:06 часот]
 На 25 и 26 Август во Кавадарци и Прилеп ќе се одржат концерти на кои ќе настапат македонски и странски рок бендови...

Домашните состави Фолтин (Битола) и 3D (Кавадарци), Fluklabass од Белгија и Sons of the Beach од Франција ќе понудат неколкучасовна забава на која покрај сопствена авторска музика ќе изведат и неколку преработени македонски, француски и белгиски етно нумери.

Концертите ќе се одржат со почеток во 21:00 во пабовите Blue (Кавадарци) и Апореа (Прилеп).

Влезот е бесплатен.

Концертите се организираат во рамки на меѓународната младинска размена што деновиве се одвива во Кавадарци.

На размената учествуваат дваесетина млади музичари од Македонија, Франција и Белгија, кои заедно обработуваат фолк музика од трите земји и подготвуваат рок преработки на избрани нумери.

Сработеното ќе биде презентирано на концертите, а обработките ќе бидат издадени на албум што потоа ќе биде бесплатно дистрибуиран. Фолтин ќе настапат како специјални гости на концертите на младите изведувачи.

Меѓународната младинска размена е проект на невладината организација Креактив од Скопје, а финансиски е поддржан од програмата Млади во Акција на Европската Комисија