Најбогатите кралства на светот Печати Е-меил
[25-08-2008 | 00:14 часот]
 Тајландскиот крал Bhumibol Adulyadej е најбогатиот монарх на светот, со богатство од над 35 милјарди долари, додека пак британската кралица Елизабета Втора е...

... дури 12-та на листата, објави магазионот Forbes.

Американскиот магазин во новиот број објави листа на 15 најбогати кралеви, кралици, шеици и принцови.

Во текстот стои напомена дека ниеден од нив не може да биде внесен во годишната милијардерска листа на Forbes, затоа што богатството на владетелите е наследено и често го делат членовите во семејството.

Под 80 годишниот тајландски монарх, на листата се и 60 годишниот шеик Khalifa bin Zayed al Nahyan од Abu Dhabi со богатство од 23 милијарди долари и саудискиот крал Abdulah (84) со 21 милјарда долари.

Веднаш зад нив се најде популарниот султан од Брунеи - Haji Hassan Bolkiah (62) со 20 милијарди долари, и 58 годишниот шеик Mohamed bin Rashid al Maktoum од Дубаи со 18 милијарди долари.

Британската кралица Елизабета Втора (82) го зазеде 12 место на листата со (само) 650 милиони долари, а богатството на холандската 70 годишната Beatrix е проценето на 300 милиони долари.