100.000 за соборување на рекордот Печати Е-меил
[25-08-2008 | 00:33 часот]
 Скоро 113,000 луѓе испратија свои фотографии за да учествуваат во создавањето на најголемиот фото мозаик на светот. Фотографијата по која...

... е направен мозаикот ја испратила 17 годишната Lucy Moore.

Тоа е портрет на нејзиниот дедо (боксер аматер), кој е фотографиран 1926, кога и тој имал 17 години.

Мозаикот брои точно 112,896 фотографии и е составен (изложен) во Музејот за наука во Бирмингем.

Минатата недела рекордот е потврден и запишан од Гинисовата книга на рекорди.

Досегашниот рекорд го држеше мозаикот направен во Шангај (Кина) кој беше завршен на 27 април годинава, а беше составен од 105,196 фотографии од бебиња.