Спектакуларно како и на почетокот Печати Е-меил
[25-08-2008 | 01:10 часот]
 Онака како што почнаа годинашниве 29. Летни олимписки игри во Пекинг (8 август), така вчера и завршија - спектакуларно во архитетонското чудо - Птичјо гнездо..

 

Кинезите со највисока оценка го положија испитот на зрелоста, подготвеноста да организираат едни вакви Игри, па дури прашање е и дали во блиска иднина некој ќе ги надмине.

Лондон како следен домаќин на ОИ 2012 доби шанса да се претстави во осумминутната програма, во која учествуваше и Дејвид Бекам, чија популарност во Кина ја надминува и онаа на Мајкл Фелпс - носител на осум злата во Пекинг и спринтерската сензација Усаин Болт.

На Бекам му се приклучија и поранешниот гитарист на Лед Цепелин - Џими Пејџ, поп-пејачката Луис...

Пред гаснењето на олимпискиот оган, што беше врв на свеченоста, новиот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, го прими олимпиското знаме од својот колега од Пекинг, Гуо Јинлонг.

Еве дел од атмосферата на игрите во Пекинг...