Иако минатата година на концертот Live Earth таа ги преколнуваше своите фанови да и се придружат во борбата против глобалното затоплување, деталите за...
... новата екстравагантна светска турнејата на Madonna, која започна со настапот во Cardiff, ги шокираa борците за заштита на околината. Утврдено е дека само патувањето за 45 концерти, кои поп кралицата ќе ги одржи во склоп на турнејата "Sticky & Sweet", ќе предизвика емисија на повеќе од 1.635 тони јаглерод моноксид, што е еднакво со количината на штетниот јаглерод кој го произведуваат околу 160 Британци во текот на цела година. Според податоците на интернет сајтот Carbonfootprint.com, Madonna со својот тим, вкупно 250 членови, ќе предизвика емисија од 1.080 тони јаглерод со користењето на комерцијалните летови за доаѓање на 37 локации, во период помалку од четири месеци. Огромната опрема на светската музичка ѕвезда исто така ќе придонесе во загадувањето на нашата планета, и тоа со емисија од 460 тони штетни гасови. Луѓето кои патуваат со Madonnа сочинуваат дури девет асистенти за костимите, 12 кројачи, бенд со 12 музичари, личен тренер, масер, 16 готвачи и келнери, и околу 100 техничари и танчери. Меѓутоа тоа не е се. Дури четири замрзнувачи постојано ќе се полнат со кесички за лед за ублажување на болките на пеачката и на нејзините танчери. Според мислењето на експертите, придонесот на загадувањето на Земјата од страна на ѕвездата е значаен, но не е ништо во споредба со штетните гасови кои ќе ги предизвикаат нејзините фанови - со доаѓањето на долго очекуваните концерти. 
 |