Raikkonen згази механичар (видео) Печати Е-меил
[26-08-2008 | 00:04 часот]
 Возачот на Ferrari, Kimi Raikkonen на неделната трка за Големата награда во Валенсија, прерано тргнал од боксот и поминал преку ногата на механичарот...

... кој го полнел резервоарот со гориво.

Raikkonen тргнал од боксот додека цревото за гориво се уште било прикачено за болидот и со задната десна гума поминал преку ногата на механичарот кој од болка паднал на подот.

Докторот на Toyotа влегол во боксот на Ferrari и му пружил прва помош, по што повредениот механичар на носилка бил пренесен во медицински центар.

Прегледот, за среќа покажал дека не е така страшно како што изгледало на почетокот.

"Згрешив и тргнав прерано. За среќа колегата од тимот не е сериозно повреден. Му посакувам се најдобро и се надевам дека побрзо ќе заздрави", изјави Kimi Raikkonen по повод несреќната вест која ги обиколи медиумите.

Еве како изгледаше инцидентот во Валенсија...