|
И Toyota ги поскапе возилата |
|
|
|
[26-08-2008 | 00:24 часот] |
 Јапонскиот Toyota соопшти дека ќе ги зголеми цените на некои од патничките автомобили во Јапонија, за прв пат во минатите 30 години, а како главна...
... причина се наведува неодамнешното 100% поскапување на суровините. Така, најголемиот јапонски производител на автомобили, од 1 септември ќе ја зголеми малопродажната цена на популарниот хибрид Prius за 3%. Цените на комерцијалните автомобили ќе се зголеми за просек од 2 %. Toyota соопшти дека со сега била во можност да го неутрализира растот на цените на суровините со намалувањето на трошоците, но дека поради очекуваното задржување на трошоците на високо ниво, одлучила да ги зголеми цените на автомобилите. Ова е тешка одлука затоа што во постојаната трка со General Motors, ова поскапување претставува чекор назад. Последно поскапување на Toyota на Јапонските модели било во 1974. Поскапувањето било за 10%, а било предизвикано од нафтеното ембарго.  |