Честите главоболки може да бидат последица од повеќе работи, а помеѓу најчестите е недостатокот на калиум. Во ваквиот случај, доколку не сте љубител...
... на инстант-кафе, најдобриот лек е да излупите и да изедете една банана. Ова овошје содржи и до 500 мг/100 г калиум, па доколку конзумирате по една банана секојдневно, можете да се збогувате со главоболката. Гравот, млекото, сојата, авокадото, брокулата, артичоките, портокалот, компирот, кајсијата и доматите се исто така добри извори на калиум. Сепак, најголем концентрат на калиум содржи инстант-кафето во прав - околу 5%. Тоа значи дека кафето подготвено од 2 лажички инстант-кафе е сосема доволен дневен извор на калиум. Сепак внимавајте, бидејќи со секојдневно конзумирање на оваа напивка лесно можете да ја нарушите рамнотежата на електролитите! 
Извор: Вечер |