Крема за отстранување тетоважи Печати Е-меил
[27-08-2008 | 23:42 часот]
 Секој од нас, барем еднаш во животот посакал да го украси своето тело со тетоважа. Меѓутоа, помеѓу оние кои се одлучиле на тој чекор, постојат и такви...

... кои се покајале заради ваквата постапка.

Како што пишува британскиот DailyMail, произведена е крема за отстранување на несаканите тетоважи, која се вбризгува во кожата, и ги апсорбира пигментираните клетки, врзувајки се со бојата.

Овој процес ја омекнува бојата на тетоважата и ја турка кон површината на кожата, по што се создава краста.

Крастата отпаѓа по 6 до 8 седмици, а со неа и тетоважата.

Оваа техника на отстранување на тетоважите за сега е тестирана само во САД, а експертите тврдат дека станува збор за метода која е поевтина и помалку болна од ласерскиот третман, и дека со неа постојат само минимални шанси за настанувње на лузна.